Радио Милева од друг агол

Катарина Ивановска откри како изгледа зад сјајот на гламурот од познатите брендови, а и за највисокиот хонорар кој го добила (видео)

Катарина Ивановска откри како изгледа зад сјајот на гламурот од познатите брендови, а и за највисокиот хонорар кој го добила (видео)

Катарина Ивановска преку својот Инстаграм профил најави дека претстојната недела ќе биде гостинка кај Миро Кацаров во „G Carpet”.

Најавата доволно интересна да се слушне нешто повеќе од она што не сме го знаеле или само сме го замислувале кога големите и престижни светски брендови се во прашање, а нашата Катарина работела со повеќето.

Токму за ваквото искуство и за тоа како изгледа зад сјајот на гламурот на ревиите во светските модни метрополи таа вели:

-Големиве дизајнери знаат да те видат! На пример не знам, Диор…за фитинг во 3 саат сабајле, па да чекаш до 6 саат сабајле… тебе првата ревија ти е во осум. Како што кажав воопшто не е гламурозно како што изгледа. Најмногу сум била платена на реклама за Лореал за шампон за коса, открива Ивановска во кусата најава за она што следи во недела.

Инаку, нашата најпозната манекенка со интернационална кариера досега многупати чекореше по модните писти на ултра познати светски брендови како споменатиот Диор, Валентино, Долче и Габана, Пако Рабан и ред други,  а ги красеше и содржините и насловните страници на повеќето  модни магазини.

За потсетување, уште откако ја започна својата манекенска кариера во 2004 година, таа се појави на Миланската модна недела, а подоцна истата година се најде во едиторијал за магазинот „Elle“, а исто така се има појавено и во „Citizen K“, „Stiletto“ и италијанското и руското издание на „Vogue“. Ги красеше и насловните страници на магазините „Diva“ и „Máxima“.

Ангажмани години наназад има во странство, но и дома, па не ретко токму таа е изборот на лице кое како репрезент го избираат разни компании и брендови.

фото:Instagram printscreen/ katarina_ivanovska

To top