Радио Милева за едни „ин“, за други „аут“

Повеќето дами за оваа комбинација би „превртеле очи“, ама Елена Најдоски умее тоа да го носи стилски (фото)

Повеќето дами за оваа комбинација би „превртеле очи“, ама Елена Најдоски умее тоа да го носи стилски (фото)

Есенската сезона и е омилена на ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски.

Емисијата „Живот со стил“ одамна и е на пауза, но затоа на Инстаграм Елена на големо го покажува својот стилски начин на живот кон кој секогаш се стремела. Откако се омажи, Елена често патува, куферите редовно ги пакува за некоја дестинација со сопругот, со сигурно се враќа и со по некој куфер плус од шопингот на кој не може да одолее.

Модата е неизбежен сегмент од нејзиното секојдневие, а изборот на стајлинзи никогаш случаен, туку наменски и вешто избран и комплетиран.

Дека ги следи тенденциите, одраз се нејзините чести објави каде на следбеничките им сугерира што е „ин“.

Секое време е идеално за шопинг, а секоја припадничка на понежниот пол и тоа како го посакува, дури и да не се полни кеси, барем да е некое омилено парче.

Овој пат, стилската русокоса најверојатно беше на прошетка и шопинг до Солун, а оттаму секако позираше и во стајлингот на денот.

Беж панталони со широки ногавици и висок струк споени со бела ролка врз која имаше бела волуменозна  бунда. На целиот стајлинг апсолутен став му даде со изборот на тренди Адидас патики и спортска торба на Клое.

Повеќето дами не би облекле патики, можеби и би „превртеле очи“ на спојот, а наместо тоа да се високи потпетици, Елена многу добро знае што е „ин“ и како тоа да го имплементира во својот стилски печат кој дефинитивно овој пат е полн погодок.

фото:Instagram printscreen/ elena_zivotsostil

To top