Радио Милева (не)верна...

Антониа Гиговска ги отвори машко-женските односи, па ја затрупа лавина од машки коментари од една страна и женски во нејзина одбрана: Равенка за успех или за развод? (ВИДЕО)

Антониа Гиговска ги отвори машко-женските односи, па ја затрупа лавина од машки коментари од една страна и женски во нејзина одбрана: Равенка за успех или за развод? (ВИДЕО)

Антониа Гиговска беше за првпат гостинка во новиот поткаст кај водителката Маја Поцевска, кој е насловен „Равенка за успех“. Меѓу останатите теми, на ред дојдоа и машко-женските  односи. Кажувајќи го својот став во однос на тоа како таа замислува дека треба да изгледа таа релација, Антониа се обиде од свој аспект да објасни зошто и кога жената најчесто го изневерува мажот и како таа би се чувствувала да е машко во таква ситуација.

„Искрено, да сум маж, голем минус би ми било да ме изневери жена. Жена изневерува само кога е незадоволна, несреќна и кога мажот не го прави она што треба да го прави. Вистинско машко треба да знае како се сака жена, а тоа не е само да тикаже јас те сакам. Што имам јас од твоето те сакам, ако ти не ми докажуваш со дела како ме сакаш…“ – тргна со муабетот Антониа да ја „брани“ женската страна заклучувајќи дека била многу сакана, ама и многу повредена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zase.mk (@zasemakedonija)

На овој муабет се надоврзаа и коментарите од водителката и вториот гостин, стилистот Даниел Николовски, па разговорот замина во  музички правец и песната „Жена“ која ја третира истата тема, а Антониа ја испеа на последниот „Макфест 2024“!

Арно ама, штом заврши емитувањето на поткастот во кој Антониа Гиговска ги отвори машко-женските односи, веднаш ја затрупа лавина од машки коментари… Мажите  воглавном незадоволни од размислувањето и ставовите на Антониа, а ним им се придружила и по некоја дама. Од друга страна пак женските коментари застанале  во нејзина одбрана.

Многу мажи повредени или погрешно ја сфатиле пејачката во нејзината изјава: Зошто и кога жената изневерува? За да нема недоразбирање, Антониа споделила и дополнителен коментар со појаснување. Па кој како го разбере… Дали како „Равенка за успех“ или како „равенка за развод“!?

Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa/zasemakedonija

 

To top