Радио Милева не демантира

„Времето ќе покаже“: Јована Јеремиќ искрена за бременоста (фото)

„Времето ќе покаже“: Јована Јеремиќ искрена за бременоста (фото)

Водителката Јована Јеремиќ ја најде среќата покрај претприемачот Драган Станковиќ, кој е сопственик на ланец пекари.

Тие неодамна гостуваа во емисијата „Амиџи шоу“ и по тој повод проговорија и за нејзината потенцијална бременост.

Водителката тогаш беше таинствена, но сега искрено проговори за шпекулациите дека е во бремена.

„Дали сум бремена? Чекај, немој вака, па никогаш не сум била позгодна“, изјави таа за „Ред ТВ“.

– Никогаш не ги демантирам колегите, па нема да ги демантирам ниту овој пат. Времето ќе покаже дали сум бремена или не. Не можам да коментирам ништо. Оставете времето да покаже дали стомакот расте или нешто друго повидливо ќе излезе.

Инаку, Јована со поранешниот сопруг Воислав Милошевиќ ја има ќерката Леа, а водителката неодамна зборуваше за името на второто дете.

– Пред да го запознаам Драган, се преселив во мојот стан во центарот на градот и во таа зграда има пекара каде што работат пекарот Драган и пекарката Ана, тие буквално ми се како семејство. Јас живеам сама со моето дете. Додека не го запознав Драган, тие двајца ми го чуваа детето. Кога започнавме емотивна врска, сфатив дека ништо во животот не е случајно – изјави Јована , а потоа откри дека нејзината судбина е да роди син кој ќе се вика Василеј.

фото: printscreen/ TV Pink/Instgaram/jeremicjovana

To top