Радио Милева невидени реакции

Најголемата екс-ју ѕвезда на Вог: Лепа Брена го воодушеви Балканот (фото)

Најголемата екс-ју ѕвезда на Вог: Лепа Брена го воодушеви Балканот (фото)

Фотографиите на Лепа Брена за модниот едиторијал на магазинот „Вог Адриа“ предизвикаа невидени реакции на социјалните мрежи.

Најголемата регионална ѕвезда Лепа Брена се фотографираше за новиот број на престижен моден магазин, а веднаш штом беа објавени, на мрежите започна лавина коментари кои не стивнуваат.

Првите реакции беа за пофалба, корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени од изгледот на Брена во седмата деценија, но и од естетиката на фотографиите кои зрачат со духот на некои минати времиња, како и од умешноста на фотографот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

– Пораснав со музиката на Брена и размислувајќи за тоа колку потенцијал има нашата екс-ју. Ви благодарам за ова и ви благодарам за соништата! Браво за целиот тим – гласеше еден од многуте пофални коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

Многу корисници на социјалните мрежи го пофалија изгледот, стилот, елеганцијата и способноста на Брена да се трансформира. Многумина изјавија дека е доволно да се каже дека е поп икона и југословенска дива.

Секако, како што секогаш се случува на социјалните мрежи, имаше и духовити коментари, но никој не очекуваше дека модните фотографии ќе предизвикаат социолошка дискусија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

На неколку фотографии се појавуваат слуги, а многумина беа особено револтирани од сликата на која пејачката и покажува на чистачката како се чисти базенот. Некои го протолкуваа како романтизација на класните поделби и промовирање на сопственоста на робовите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

– Поранешната чистачка објаснува како се држи метла“, „Тука не е ни важно дали е Брена или некоја друга богаташка. Визионерска фотографија“, „Како сцена од приказна“, „Овде гледам рустикална газдарица која краде струја за да го загрее базенот“, „Снобизам, турбофолк начин на живот и ароганција“.

фото: printscreen/vogue.adria

To top