Синоќа 25. октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип започна 39-тото по ред издание на фестивалот на забавни нумери „Макфест“.
Стартот на сцената беше резервиран за Вера Јанковиќ која отпеа неколку познати макфестовски рефрени.
View this post on Instagram
Првата фестивалска вечер како и секогаш е на помладите музички имиња кои биле избрани, односно добиле шанса да пеат на „Макфест“.
Па така, присутните во салата, а и гледачите на првиот канал на МРТВ имаа прилика да погледнат и слушнат 13 нови композиции од кои пет влегоа во втората, односно финалната вечер на „Мекфест“.
По настапот на дебитантите, сцената им припадна на Андријана Јаневска и Ѓоко Таневски кои отпеаја некои од најголемите хитови на фестивалот.
Во петте избрани од првата вечер кои ќе ги гледаме уште еднаш се: Сања Тодоровиќ со „Јас сум виновна“; „The solution“ со „Ти и јас“; Мирјана Митрева со „Плачев во себе“; Тамара Волческа со „Кажи ми да знам“; Калина и Александар со „Да не те познавав“.
Вечерва, 26. Октомври заедно некои од добро познатите музички имиња ќе запеат и овие петмина кои обезбедија влез, а фестивалот дирекно ќе се пренесува на МТВ.
фото:instagram printscreen/ makfestfestival