Радио Милева невидлива...

Снеже Велков за премиер: Водителката во високи штикли и црни чорапи ја најави новата сезона, која и пред да ја започне имаше да каже „Нешто конкретно“ за својата потенцијална „супермоќ“! (ВИДЕО)

Снеже Велков за премиер: Водителката во високи штикли и црни чорапи ја најави новата сезона, која и пред да ја започне имаше да каже „Нешто конкретно“ за својата потенцијална „супермоќ“! (ВИДЕО)

Снеже Велков и оваа сезона 2024/24 ќе има да ви каже „Нешто конкретно“… Или поточно да ги прашува своите гости од сите сфери и бранши, помалку или повеќе познати, некои и тотални анонимуси, а тие конкретно да одговараат на поставените прашања и зададените ситуации во кои хипотетички или реално биле ставени. Се разбира секој со своето искуство кое го доживеал и од него извлекол некаква поука, стекнал одредена навика, сфатил како треба или не треба за во иднина…!

А најавата на новата сезона на Снеже бомбастична, а Бога ми и еротична… Како ТВ „секс бомба“  во високи штикли и црни (мрежести) чорапи долгите нозе на водителката сигурно чекорат кон новите ТВ предизвици и соочување со нејзините идни гости. Каква е најавата, во новите епизоди на „Нешто конкретно“ гарант ќе биде турболентно… Ама и забавно, смешно, на моменти возбудливо, на места очекувано, понекогаш интригантно, па дури и шокантно… Зависи кој како (ќе) ги доживува прашањата на водителката и како на нив (ќе) реагира!  Дали тоа што е кажно во одговорот ќе го потврди или ќе негира!

Ама затоа реакцијата на водителката пред почетокот на сезоната, беше вистинско изненадување, за сите што ја гледаа при нејзиното гостување во новото издание на „Никој како…“ на ТВ Телма.  По сите игри на вештина, решливи и нерешливи загатки, дојде време за прашања, па она на кое моќже да има само еден одговор по сопствен избор, Снеже Велков во случај да може да има само една супер моќ, избра да биде невидлива! И за свое добро, а најмногу  за доброто на целата нација!

За да може секаде да се пикне… И да направи кога и каде сака се’ што ќе посака, ама најмногу во македонската Влада и Собрание!

Зошто и што би правела, слушнете самите од неа, а потоа ај да Ве видам кажете дека Снеже Велков не би ја гласале за собраниски спикер, а Бога ми и за премиер!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Архива/Инстаграм/velkovsneze

To top