Владо Георгиев преку својот профил на социјалната мрежа Х објави дека неговата мајка починала вчера, 23 октомври.
По тој повод пејачот јавно со потресни зборови се прости од најважната жена во неговиот живот.
– Синоќа си замина мајка ми и мојата сила, мојата нерзгаленост, мојата критика и мојот судија, мојата поддршка, мојата единствена мајка Борка.
-Збогум мајко и ангелите да те чуваат…Вечно царство небесно. Ќе се сеќавам на се’ што ми кажа и ќе се сеќавам колку не сакаше, иако се претставуваше како строг учител, беше прекрасна и благородна душа… Збогум Боки мој. Збогум љубов моја… – напиша Георгиев.
фото:Instagram printscreen/ vladogeorgiev