Водителката на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ и пејачка, Ана Севиќ го прослави својот 39-ти роденден.
По тој повод Ана приреди забава, а кадрите од прославата ги сподели на својот Инстаграм профил.
Таа носеше тесен, бел фустан со длабоко деколте, па нејзините бујни облини беа во преден план. На фотографиите можеме да ја видиме Севиќ со насмевка на лицето како ги дува свеќите на прекрасна, розова и бела торта.
Покрај тоа, таа позираше и во прегратките на својот сопруг Даниел Недељковиќ со кој е во брак со години.
Ана ја искористи приликата јавно да им се заблагодари на сите нејзини пријатели и фанови кои и го честитаа роденденот.
– Ви благодарам на сите за прекрасните честитки, голем благослов е да ве имам сите во мојот живот и да добивам толкава количина желби и позитивна енергија!
Ви благодарам од сѐ срце! Универзуме, ти благодарам за сè! Само од сѐ срце, најголема можна благодарност! Те сакам, живели – напиша водителката во описот на објавата.
фото: printscreen/instagram/anasevicofficial