Радио Милева романтичен јубилеј

„Триесет години љубов“: Билјана Дебарлиева и сопругот славеа јубилеј (фото)

„Триесет години љубов“: Билјана Дебарлиева и сопругот славеа јубилеј (фото)

ТВ водителката Билјана Дебарлива традиционално како и секоја година покажа на јавноста дека заедно со сопругот  ја слават љубовта, а сега во месец октомври прославија и јубилеј.

Таа заедно со Јован е 30 години во среќен брак, а по тој повод познатата водителка сподели заедничка фотографија на својот Инстаграм.

„Триесет. Љубов“ –  стои кратко во описот на фотографијата.

По три децении љубовта кај нив жари, а насмевката блеска на нивните лица.

Така, Јован за овој специјален повод сподели две  фотографии од локалот каде се собрале со семејството и една од времето кога се ветиле на вечна љубов, па ја означи и Билјана.

– 30 години ни поминаа брзо како да сме трепнале, тука се сликите да не потсетат за минатото, тука е фамилијата да ни ја стопли душата, тука се пријателите да ни ја извлечат насмевката… – напиша тој.

Во една прилика за медиумите Дебарлиева откри како се запзнале со сопругот.

-Во Охрид, мојот роден град. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме со сопругот. Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани. И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес, кажа своевремено водителката за „Женски магазин“.

фото: printscreen/instgaram/facebook

To top