За настапот во Тиват, легендарниот Здравко Чолиќ ќе добие 120.000 евра, како и неговата помлада колешка Александра Пријовиќ Прија, која ќе настапи на Златибор.
Како што пишуваат тамошните медиуми, Здравко Чолиќ и Александра Пријовиќ ќе бидат апсолутни рекордери по новогодишни хонорари за 2025 година.
Чолиќ за настапот во Тиват, Црна Гора, ќе добие 120.000 евра, колку и Александра Пријовиќ на Златибор.
Ниту фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ нема да помине лошо во Херцег Нови, каде ќе пее за 100.000 евра.
Ова не е изненадувачки ако се земе предвид дека во текот на претходната година Пријовиќ имаше мега успешна турнеја „Од исток до запад“. Таа одржа повеќе од 60 концерти во регионот и во дијаспората.
Инаку, минатата година Александра пееше во Сава центарот во Белград, а место за нејзиниот настап во пресрет на најлудата ноќ чинеше и до 250 евра.
фото: printscreen/instgaram