Радио Милева „изгубена игра“

Деми Мур се огласи за состојбата на Брус Вилис: „Во стабилна состојба е, го видов пред два дена“(фото)

Деми Мур се огласи за состојбата на Брус Вилис: „Во стабилна состојба е, го видов пред два дена“(фото)

Фановите на славниот холивудски актер Брус Вилис веќе извесен период се тажни поради неговата здравствена состојба за која нема лек.

Сега, неговата поранешна сопруга со која и претходно останаа во добри односи, Деми Мур, вели дека Брус е во стабилна состојба.

И покрај тоа што се разведоа во 2000 година, Деми продолжи да има близок однос со поранешниот сопруг, а заедно имаат три ќерки. Во текот на нејзиниот говор на Меѓународниот филмски фестивал во Хемтонс, во недела, Деми зборуваше за Брус.

„Го кажав ова и порано. Болеста е таа. Мислам дека за неа мора да се има длабоко разбирање. Тој е во стабилна состојба“, вели Мур.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

 

„Она што секогаш го поддржувам е да ги запознавате луѓето во онаа состојба во каква што се. Кога го имате предвид само минатото, тогаш мислам дека тоа е изгубена игра. Кога ќе ги запознаете онакви какви што се сега, ја сфаќате убавината и сладоста“, додаде Мур.

Мур исто така откри дека го видела Брус, само два дена пред доаѓањето на филмскиот фестивал, а го посетила во неговиот дом заедно со внуката Лует, ќерката на Румер Вилис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruce Willis (@brucewillisbw)

Инаку, Брус Вилис ретко се појавува во јавноста откако во 2022 година му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот, а подоцна болеста напредуваше до фронтотемпорална деменција.

Првите видливи симптоми се промените во карактерот и однесувањето и тешкотии со говорот. Овој вид на деменција се однесува на фронталниот или темпоралниот лобус на мозокот, којшто се оштетува како последица на болеста. Не е познато што ја предизвикува болеста, но честопати постои генетска компонента.

фото:instagram printscreen/ demimoore/ brucewillisbw

To top