Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ некогаш беа добри пријателки.
Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ беа неразделни додека беа заедно во жирито на „Ѕвездите на Гранд“. По заминувањето на Јелена од шоуто, нивниот однос се промени, а сега поп дивата ја откри причината за раскинувањето на пријателството со Марија Шерифовиќ.
Јелена Карлеуша деновиве беше во Македонија каде на 19. Октомври ќе одржи голем солистички концерт во Скопје. Таа беше гостин на подкаст кај Лазаров, па меѓудругото зборуваше и за пропаѓањето на бракот со Душко Тошиќ, но и за крајот на пријателството со колешката Марија Шерифовиќ.
View this post on Instagram
– Ме повредува тоа… Бев покрај неа и во добри и во лоши денови, таа секогаш ми беше голема поддршка во текот на кариерата и ја сметав за пријателка, но секогаш кога имаше некој проблем поврзан со мене, таа не беше онаа за мене. Крајната капка за мене и Марија беше кога и се допадна еден многу грд коментар на Твитер, каде што бев навредувана. Првиот лајк беше нејзин – изјавила Јелена и открила дека пуштила многу солзи поради таа ситуација.
– Тоа беше само последната капка кога е во прашање таа. Јас секогаш бев онаа што и даваше комплименти, ја поддржував, и ја „фрлав топката“ во „Ѕвезде Гранда“ за да и се врати… Сега ме нема, таа веќе ја нема таа функција, не е тоа тоа. Таа веќе нема добар соговорник – изјавила Карлеуша, а пренесува „Свет“.
– Се случи тоа што се случи, само ја повлеков линијата. Тоа навистина многу ме повреди. Можеби звучи како малку, но во тој момент кога доживеав страшен линч, беше оваа година кога излегоа моите албуми, кога бев линчувана затоа што се бранев од нападите на нашиот претседател, најмалку што очекував од моите пријатели… Требаше да се придружи на тоа, макар и само со тој еден лајк – рече Карлеуша во подкастот со Лазаров.
фото:Instagram printscreen/ zvezde granda/karleusastar/lazarovpodcast