Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша гостуваше во живо на YouTube профилот на инфлуенсерот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе. Карлеуша и Бака Прасе за време на лајвот креираа содржина која веќе надмина милион прегледи за време на преносот. Неверојатните сцени, опуштањето на Карлеуша и исполнувањето на желбите на јутјуберот се теми кои неполни 24 часа го тресат Балканот.
За да ја изненади и шокира поп–фолк дивата Јелена Карлеуша, т Бака Праса во еден момент од програмата и понуди на ѕвездата серија играчки за возрасни, ланци, камшици, лисици… Карлеуша прво не ја криеше непријатноста и збунетоста, а потоа се согласи и да ја прифати играта.
Заедно со камшиците користеше и други реквизити: маска и топка за в уста, кои му ги ставила на Бака. Потоа во нејзин стил ќе го удри Бака по задникот со коментарите: „Затоа ли ме повика? – му рече Карлеуша додека му ги врзуваше лисиците, па продолжи: “Дали те пали ова? Се поради тебе. Момчиња како тебе, кои се дарежливи, хумани и духовити, ме доведе до солзи… Сакаш и јас да те доведам до солзи… Ти заслужуваш да ти ја исполнам секоја желба и фантазија, ти си прекрасно момче, заслужуваш. Неверојатно е колку си способен и хуман.
„Ова е лицето на иднината, ова треба да ја претставува младите. Видовте колку пари собра, колку е хуман…“, продолжи Карлеуша додека му ги ставаше лисиците.
Да потсетиме, Карлеуша и Бака Прасе речиси целиот приход од преносот во живо го донираа на семејствата кои претрпеа штети поради природни катастрофи во Босна и Херцеговина.
Во живо се собраа 15.000 евра, Богдан донирал 10.000 евра, а за Карлеуша не се знае која е сумата.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/