Радио Милева со хеликоптери и вооружени агенти

Рација во домовите на славниот рапер Паф Диди: Синовите завршија со лисици на рацете (фото)

Рација во домовите на славниот рапер Паф Диди: Синовите завршија со лисици на рацете (фото)

Раперот Шон Диди Комбс или попознат како Паф Диди е под федерална истрага, а во два негови имоти била извршена голема рација под сомнение за трговија со луѓе и сексуална експлоатација.

„Координирани рации беа спроведени во Лос Анџелес и Мајами од вооружени агенти на Министерството за домашна безбедност, со помош на локалните полициски сили“, изјавија извори за американскиот порта ТМЗ.

Полициски извори изјавија за ТМЗ дека агентите се „среде рација на имотот на музичарот“, со присутни хеликоптери и локална полиција. Во куќата се и полицајците, кои испрашуваат голем број луѓе надвор од вилата не се знае дали е присутен Шон Комбс, односно Паф Диди. Претресени се и неговите домови во Мајами и на источниот брег.

Телевизиската станица ФОКС11 објави снимка од претресот во Лос Анџелес, каде што се шпекулира дека со лисици на рацете може да се видат двајцата синови на раперот, Џастин Комбс (30) и Кинг Комбс (25).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sean John Combs (@p.diddy_vu)

Се верува дека сомнежените за истрагата потекнуваат од наводите што се појавија против 54-годишниот музичар во последните месеци, почнувајќи со тужбата поднесена во ноември од страна на неговата поранешна девојка, пејачката Каси Вентура, која го обвини Диди за долгогодишно сексуално и физичко малтретирање.

фото: Instagram printscreen/ p.diddy_vu

To top