Радио Милева втора младост

„Се грижам да не го променам личниот опис“: Лидија Вукиќевиќ откри како ја одржува својата младешка убавина (фото)

„Се грижам да не го променам личниот опис“: Лидија Вукиќевиќ откри како ја одржува својата младешка убавина  (фото)

Актерката Лидија Вукиќевиќ во интервју за тамошните медиуми признала дека сака да посетува доктор по естетска медицина на кого неизмерно му верува.

 – Направив лифтинг – открила Лидија Вукиќевиќ, една од најубавите актерки која никогаш не крие дека со години се грижи за своето лице и тело, но дека генетиката е најзаслужна за тоа што и во седмата деценија изгледа како девојче.

Таа во интервјуто признала дека обожава да го посетува докторот по естетска медицина, кому неизмерно му верува.

– Зоран Ризински е пред се мој пријател кој го обожавам, а дури потоа и доктор. Лицето ми го одржува со разни неинвазивни методи, како хијалурон, ботокс, скинбастер… Овој пат искомбиниравме неколку техники и резултатот е одличен – изјавила за „Информер“ Лидија која моментално е на Сицилија. Пред патувањето до оваа егзотична дестинација го посетила својот лекар кој уште повеќе ја подмладил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Постојано правам витамински коктели и често вбризгувам хијалуронски филери. Хијалуронот се топи и јас сум добро со тоа. Од моите фотографии од пред еден месец можете да видите дека ништо друго освен тоа не сум направила. Вукиќевиќ признава дека во иднина постои можност да оди под нож, но објаснува зошто до сега се плашела од хируршки зафати.

– Секогаш најмногу се грижев да не го променам мојот личен опис, тоа е многу важно во работата што ја работам. Не сакам да ги изгубам изразите на лицето и карактеристиките на мојата личност. Не е првпат луѓето да коментираат дека сум направила ова или она, но тоа навистина не е точно – вели актерката која ги руши сите табуа дека жените и во зрела возраст не можат да доживеат втора младост.

фото: printscreen/instagram

To top