Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт вели дека е „обземена од страв“, откако властите открија план за напад при нејзин концерт во Виена, Австрија, како и од вина по разочарувањето на обожавателите поради откажување на трите настапи во градот.
„Откажувањето на концертите во Виена ми го кине срцето, а причината за откажувањето ме исполни со ново чувство на страв и вина, бидејќи толку многу луѓе планираа да дојдат на концертите“, напиша пејачката на Инстаграм.
View this post on Instagram
Тејлор се огласи сега на својот Инстаграм профил и објасни зошто толку долго не се навраќала на откажаните концерти. Таа додаде дека нејзин приоритет е безбедно да ја заврши европската турнеја.
Австриската полиција уапси 19-годишен маж, за кого соопштија дека признал намери да предизвика крвопролевање на концертите на пејачката.
фото: printscreen/instagram/taylorswift