Пејачката Џејла Рамовиќ неодамна на социјалните мрежи објави фотографија на која заедно со сестрите и го честита роденденот на својата мајка. Следеа коментари дека изгледаат како врсници и дека е тешко да се погоди која од четворите е мајката.
И навистина, нема сомнеж дека трите сестри Рамовиќ – Лејла, Шеила и Џејла својата убавина ја наследиле од нивната мајка Едита, која иако слави родендени почнувајќи од бројот 5, изгледа неспоредливо помладо.
View this post on Instagram
Едита Рамовиќ имала 21 година кога ја родила Шејла, две години подоцна се родила Лејла, а потоа и Џејла.
View this post on Instagram
– Родив три деца и секогаш се трудев да станам рано наутро, да се подготвам, за кога ќе станат да имам време за се. Таа навика ја наследив од мајка ми. Шминка, облека, штикли, сето тоа мора да биде – изјави еднаш мајката на Џејла Рамовиќ за магазинот Азра.
Секогаш имала блиски односи со ќерките.
– Кога се роди Лејла, Шејла веќе ми беше пријателка. А кога се родила Џејла, тие две веќе биле пораснати. Никогаш не се однесувале несериозно, дури и како деца. Кога беа мали не се тепаа, некако веднаш зборуваа течно, како возрасни. И тогаш така разговарав со нив – изјавила Едита.
Двете поголеми ќерки се венчаа, Џејла тргна по својот пат, а Едита и нејзиниот сопруг сè уште живеат и работат во Горажде. Вработена е во приватна фирма, а дипломирала менаџмент за човечки односи.
View this post on Instagram
Ќерките ја испочитувале нејзината најголема желба да се стекне со високо образование, па сите три се запишале на универзитетот. Најмладата може да се пофали со успешна музичка кариера.
Гледајќи ги фотографиите од мајката на Џејла Рамовиќ, тешко е да се поверува дека таа наскоро ќе стане баба.
View this post on Instagram
Шејла прва ја сподели радосната вест, а неодамна ја сподели и Лејла. Таа откри дека по две години брак е во благословена состојба и дека чека девојче.
фото:instagram printscreen/ editaramovic