ТВ водителката Милена Антовска- Станковска неодамна се врати од својот летен одмор во Турција каде што беше семејно, со сопругот Гордан и двете ќерки.
Токму крајот на ова магично летно патешествие и летна авантура, на водителката и создаде хаос во главата.
Веројатно речиси секој се соочува со потешка адаптација по завршувањето на одморот и враќањето дома, а особено кога треба да се вратиш и на работа.
А сетете се само со колкава радост, со каква насмевка и хумор, Милена го најави последниот работен ден пред заминувањето на одмор…
Дојде време: Милена Антовска се става на пауза од пред камери: „Се смеам и заминувам…“ (видео)
Откако се врати, со „тешко срце“ најави и дека некако успеала да се присобере во мислите, просторот и времето и веќе да се подготвува за новите денови на работа.
Качувањето скали во зградата каде живее беше тешко, ама и помислата дека е назад во реалноста…
Зашто, како што во викендот е смислата на неделата, во годишниот одмор е смислата на годината, но сепак… Животот не смее да трпи заради работата, ама без работа не се живее, па еве ја Милена назад пред камерите. А, веројатно редот дојде и на некоја друга од колешките или пак на колегата Роберт, кои со душа ја чекаа на смена да се појави Милена.
А на тоа има само еден одговор: Наздравје одмор!
фото:Instagram printscreen/ milena_antovska