Убавата пејачка и докторка Симона Поповска заедно со сопругот Крис му направија тематска забава на синот Стефан по повод неговиот втор роденден.
Моментите од прославата, Симона ги сподели со следбениците на Инстаграм на кратката приказна и сите ги воодушеви од амбиентот на прославата.
Темата е животинско царство, а просторот е уреде со стил, со многу реквизити како балони во облик на животни, плишани мечиња…
Но и неколку маскоти од животните како жирафата и лавот кои веројатно му се омилените на малиот славеник.
А , се разбира посебен печат остави тортата со истата тематика која на врвот има круна, а ја покажа и хартиена торта “The Lion King” за Стефан.
Симона Поповска дефинитивно може да си дозволи, па затоа и преферира да приредува големи и луксузни родендени, а тоа го докажа и овој пат.
фото: print Screen/ Instagram/simonapopovskaofficial