Радио Милева задоволна

Јелена Карлеуша прв пат за новото момче и дали е заљубена: „Би било нереално никој да не ми се додворува“

Јелена Карлеуша прв пат за новото момче и дали е заљубена: „Би било нереално никој да не ми се додворува“

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуш важи за некој кој нема влакна на јазикот, а често со својата искреност и остар јазик разоружува многумина.

Таа искрено одговори на прашањето дали е заљубена, како и дали повторно би се омажила.

– Можам да кажам дека има некој. Но се во свое време… Јас и Душко одамна не сме во врска маж-жена, односно повеќе од пет години и би било нереално никој да не ми се додворува, никој да не ме сака, никој да не ме прегрне и бакнува . Не велам дека сум заљубена, но задоволна сум. Не сум некој што блеска поради некој друг, блескам најмногу кога сум задоволна со себе. Тоа е најдоброто решение за сите женски проблеми, блеснете, драги дами, за себе, не за вашиот партнер, бидејќи вие сте единствената константа.

Морам да кажам една тајна, поточно не тајна, туку вистина, а тоа е дека секој маж со кој сум била ме запросил. Едно време ги собирав и тие вереничките прстени, ги имам некаде во кутија, сите ги чувам. Имам и една анегдота со мојот прв сопруг Бојан, имено, тој ме вери неколку пати, па раскинавме… Така што имам само неколку прстени од него и секој пат тој стануваше се подобар и подобар, сè поскап. Што се однесува до бракот, кога ќе помислам, веднаш замислувам каква би била таа свадба на продукциски план. Мислам дека третиот пат би бил луд. Никогаш не знаеш што носи денот, а што ноќта. Не сонувам повторно да се омажам, сонувам за други работи, за, на пример, да имам огромно засолниште за животни, сонувам за светска слава, успех на песните од албумите „Алфа“ и „Омега“, што не е невозможно. Не сум како другите жени кои фантазираат за љубов и страст. Повеќе сум возбудена да одам на шопинг отколку да имам секс – изјавила таа.

Фото: print screen/instagram/karleusastar

To top