Мегафон ликовна уметност

Изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски на 19-ти септември во Центарот за култура во Куманово

Изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски на 19-ти септември во Центарот за култура во Куманово

На 19 септември, во четврток во 19:00 часот во Центарот за култура во Куманово, ќе биде отворена изложбата на Владимир Георгиевски, македонскиот сликар.

По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, Георгиевски се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимирал во 1968 година. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.Владимир Георгиевски создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија.Самостојни излагања имал во: Скопје, Софија, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Белград и Санкт Петербург.

To top