Радио Милева гулапчиња

Мадона наскоро полни 66 години, а шета 38 години помлад: Згодниот фудбалер и кралицата на попот уживаат на одмор во Италија (фото) 

Мадона наскоро полни 66 години, а шета 38 години помлад: Згодниот фудбалер и кралицата на попот уживаат на одмор во Италија (фото) 

Легендарната американска пејачка Мадона во пресрет на својот 66-ти роденден, ужива во Италија, каде е фотографирана во друштво на 38 години помладото момче Акем Морис.

Имено, кралицата на попот Мадона моментално е на одмор во Италија, а летните денови ги поминува во вилата „Долче и Габана“ во Портофино, место кое важи за синоним за италијанскиот гламур и е чест избор на познатите личности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Таа пристигна на ова место во областа Џенова со брод со нејзиниот тим и нејзините деца.

Сепак, штом папараците ја фотографираа пејачката, еден детал веднаш ги привлекува сите погледи. Легендарната Мадона не е сама, туку во друштво на згоден фудбалер од Јамајка.

Двајцата допрва треба официјално да ја потврдат нивната романса, но првпат беа видени заедно во 2022 година. Сепак, немавме можност да ги видиме заедно се до јули годинава, кога пејачката сподели фотографии на кои се гушкаат. Мадона објави и друга фотографија со партнерот и напиша:

„Жешка летна забава“.

Тие цело време разговарале додека пловеле кон вилата, а објективот на фоторепортерот снимил и момент на насмевка на Акем од уво до уво додека разговарал со пејачката.

Да потсетиме, легендарната Мадона има шест деца – ќерките Лурд Марија, Мерси Џејмс, близначките Стела и Истер и синовите Роко и Дејвид.

 

фото: printscreen/Instgaram/ Madona

To top