Радио Милева генерална проба

Македонската пејачка лани ја запросија во Париз, а моминска вечер деновиве правеше во Белград: Александра Јанева со два дена и две ноќи женска забава пред да стане невеста (ФОТО)

Македонската пејачка лани ја запросија во Париз, а моминска вечер деновиве правеше во Белград: Александра Јанева со два дена и две ноќи женска забава пред да стане невеста (ФОТО)

Кон крајот на минатата 2023 година македонската поп пејачка Александра Јанева имаше филмско запросување  во Париз, откако некогашниот ракометен младински репрезентивец Иван Ангелов на својот роденден пред Ајфеловата кула и го стави на рака вереничкиот прстен!

Нешто повеќе од половина година подоцна, распеаната струмичанка се подготвува за свадба. А како што е редот свадбена веселба без увертира не бидува, па Јанева откако неодамна  најпрвин ја издаде својата нова песна во дует со Тајзи, симболично насловена  „Нашата песна“, пред да го заигра заедничкото свадбено танго на „нивната песна“, пејачката реши да направи „своја“ моминска забава.

И тоа не било каде туку во српската престолнина. Јанева си ги собра другарките редум, па сите заедно на број седум си помина незаборавен момински викенд во Белград.

 

Два незаборавни дена и две ноќи, со дневна базен шема, ноќна забава до бесвест на познат сплав, а потоа и во елитен ресторан.

Позитивни, расположени, опуштени, откачени и еуфорични, полни со енергија како и идната невеста…

И среќни што, иако дел од нив живеат во различни земји низ Европа и Америка, нивната другарка – идна невеста успеа  да ги обедини и организира, сите да се спојат и покрај работните обврски да си поминат два најубави дена за долго паматење.

За оваа прилика славеничката подготвила и специјална гардероба…

Дел од истата и како генерална проба на идната невеста за тоа како би изгледала венчаницата? Намерно  или сосема случајно, сеедно еден од моделите на Јанева наликува на невестински фустан.

Моминската забава во два дела – луда и незаборавна, а по неа назад дома на генерална проба… Свадбата наближува, а фризурата на идната невеста е исто толку важна колку и сето останато, па затоа дали да биде ваква или поинаква, покрај огледалото, најдобро ќе каже селфито!

Конечно, као ќе изгледа пејачката како невеста и ќе запее ли на сопствената венчавка, наскоро ќе покаже свадбата!

Фото: Инстаграм/aleksandrajanevaofficial

 

 

 

 

To top