Радио Милева стилски мебел

Секој агол пука од луксуз – oва е вилата на Гоца Божиновска (фото)

Секој агол пука од луксуз – oва е вилата на Гоца Божиновска  (фото)

 Пејачката Гоца Божиновска  не е особено активна на социјалните мрежи, но во една прилика покажа дел од луксузната куќа во Сурчин, која наводно вреди неверојатни 700.000 евра.

На фотографиите кои таа ги сподели може да се види скап мебел во боја на злато, додека целата куќа е опремена со стилски мебел.

Во дворот на куќата има и базен. Интересно е што Гоца во оваа куќа се вселила кога се омажила.

– Овде сум 20 години и навикната сум на Сурчин затоа што живеев во овој крај девет години пред да се вселам. Овој дом ги чува најубавите спомени што ги имам, особено оние поврзани со мојот покоен сопруг, раѓањето на нашите деца, нивното детство… Никогаш, ама баш никогаш не би се иселила од него. Тука е мојата среќа. Децата доаѓаат и си одат, но јас останувам. Што би рекла тетка ми: „Ќе останеш во таа куќа додека не те избрка снаата“. И тогаш можеби би ги спакувала куферите и би заминала, само да го израдувам мојот Мирко – изјави еднаш пејачката.

фото: print Screen/ Instagram/goca_bozinovska_fp

To top