Радио Милева потег за пофалба

Кога е нејасно како стојат работите, тогаш паѓаат и тешки гафови: Коментаторот на ЛОИ ги „помеша лончињата“ – сопругот на Серена Вилијамс од милионер до носач на чадор (фото)

Кога е нејасно како стојат работите, тогаш паѓаат и тешки гафови: Коментаторот на ЛОИ ги „помеша лончињата“ – сопругот на Серена Вилијамс од милионер до носач на чадор (фото)

Во текот на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз, сопругот на познатата тенисерка Серена Вилијамс, милионерот Алексис Оханијан, еден коментатор го нарече „држач на чадор“.

Тениската ѕвезда и ко-основачот на Редит присуствуваа на церемонијата на отворањето во Франција и покрај тоа што Серена не се натпреваруваше на Олимпијадата, а во текот на нивното појавување на црвениот тепих во Париз врнеше дожд.

Оханијан, како вистински џентлмен, го држеше чадорот над главата на својата сакана, а овој гест го привлече вниманието на коментаторот кој го коментираше свеченото отворање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

„Серена изгледа апсолутно неверојатно. Таа има и свој држач на чадор зад себе. Тоа е нивото кон кое се стремиме, да имаме вистински држач на чадор зад себе“, рекол коментаторот на „Еуроспорт“, пренесува „Дејли мејл“.

Подоцна, семејството на Серена Вилијамс, вклучувајќи ја и нивната шесгодишна ќерка Алексис Олимпија Оханијан, се појавија во уште едно интервју со Кит Хувер од „Аксес Холивуд“.

Тенисерката потоа беше прашана за нејзиниот сопруг, кој претходно беше виден како ја фотографира на церемонијата, за да може да ги објави фотографиите на социјалните мрежи.

„Најголемиот инвеститор досега, најдобриот сопруг на „Инстаграм“досега, најдобриот сопруг досега“, одговори Серена.

Интересно е и тоа што во текот на тоа интервју Оханијан, чија нето вредност „Форбс“ во 2019 година ја процени на 70 милиони долари, рече дека на многумина им е непознат поради работата што ја работи.

„Повеќе луѓе ме знаат по палачинките што ги правам отколку по создавањето на „Редит“ и знаете што, тоа е сосема во ред со мене“, рекол Оханијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

Од друга страна, Вилијамс редеше успеси во текот на целата кариера, вклучувајќи и четири олимписки златни медали.

Во чест на нејзината славна кариера, Серена Вилијамс соодветно го носеше олимпискиот факел, заедно со други легенди како Зинедин Зидан, Рафаел Надал…

фото:instagram printscreen/ serenawilliams

To top