Радио Милева ни трага ни глас

Драма во Будва: Стоја не се појави на настап (фото)

Драма во Будва: Стоја не се појави на настап (фото)

Пејачката Стојанка Новаковиќ, во јавноста попозната како Стоја, не се појавила на настапот кој го закажала за среда навечер во еден клуб во Будва.

Како што истакнал за тамошните медиуми менаџерот на тој клуб, настапот бил закажан пред три месеци и бил договорен со сопругот на Стоја, Игор, кој е и нејзин менаџер.

Стоја претходно тој ден требало да се појави на проба за звук, но не дошла. Менаџерот на клубот го контактирал Игор за да види каде се и кога ќе пристигнат, а неговиот одговор го изненадил.

– Да не го закажавме настапот за 24 август? – зачудено прашал Игор, со што го налутил менаџерот.

После тоа, сопругот на Стоја објаснил дека тие воопшто не се блиску до Црна Гора, и дека нема како да дојдат на настапот.

Клубот морал брзо да реагира, па најмиле диџеј кој вечерта бил слободен, а тој наместо фолкерката ги забавувал гостите.

фото: printskrin/instagram

 

To top