Јелена Карлеуша синоќа имаше спектакуларен настап во преполната дискотека во Будва, каде беше јасно колку публиката е желна за нејзините настапи во живо.
Фановите воодушевено пееја заедно со неа, и стари и нови хитови.
За време на настапот Карлеуша доби рози од обожавателите, а еден млад човек дури и ја запроси.
Снимката од овој романтичен момент брзо стана вирална на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
– Ќе се омажам за тебе, но кога ќе пораснеш, и ќе пораснеш. Едвај чекам и ти да пораснеш. Колку години имаш? Дали имаш 15 години? 16? 17? 20? 18? – го праша момчето Јелена додека ја пееше песната „Чује шукарије“ од Здравко Чолиќ.
Пејачката добила и рози од обожавателка додека ја пеела баладата „Кој ја режира драмата“, па на лице место го сменила текстот на песната:
– Дали е за мене? Вистинска љубов е кога ти подаруваат рози, а рози не подаруваат ако љубовта не е вистина – пеела Јелена додека ја галела обожавателката.
фото:Instagram printscreen/