Најстариот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Џорџ, денеска го слави својот 10-ти роденден, а по тој повод гордите родители објавија фотографија која ги стопи срцата на многу нивни обожаватели.
Фотографијата е направена на почетокот на овој месец, во Виндзор, а е дело на познатата фотографка Мили Пилкингтон, која често е заслужна за портретите на членовите на кралското семејство.
На фотографијата се гледа како принцот Џорџ се смешка од уво до уво додека седи на камените скали.
10 today! Wishing Prince George a very happy birthday! 🎉
📸 @MilliePilks pic.twitter.com/YgREgdI6OW
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) July 22, 2023
„Денес наполни 10! Му посакуваме многу среќен роденден на принцот Џорџ“, напишале гордите мама и тато покрај објавата.
Секоја година, Кејт Мидлтон јавно им го честита роденденот на своите деца и на својот сопруг, што мора да биде придружена со некоја од избраните фотографии, а сега повторно на ред е принцот Џорџ, третиот внук на кралот Чарлс III и втор во редот за тронот. по татко му.
фото: Instagram printscreen/ _kate_middleton_royal