„Алегории“ е насловот на изложбата на Игор По Трајков која во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе биде отворена утре вечер, 18 јули, (четврток), во 20, 30ч. во Дом на култура „Кочо Рацин“.
Игор Поп Трајков е магистер по филмска и телевизиска режија, а од неодамна и доктор на науки по културни студии. Несомнено знаењето, повеќезначноста заземаат голем простор во неговото творештво, а особено во оваа изложба. Чувството за хумор е исто така важно кога треба да се оствари некаков сериозен опус- мисли Поп Трајков, а тоа е согледливо и во неговата последна самостојна изложба „Алегории“, каде тој го третира ова старо изразно средство на современ начин и со многу иронија.