Дара Бубамара работи со полна пареа. Пејачката многу често настапува по клубови, но како и секоја голема ѕвезда, така и Дара редовно одржува концерти на градските плоштади ширум Србија, па и во регионот.
Пред неколку дена Бубамара имаше настап во Бачка Паланка, а бидејќи е лето и има наезда од разни инсекти, пејачката во еден момент ја нападнале комарци, па морала да реагира.
Додека Дара ја пеела својата песна „Нема да одам дома“, слетале на неа, па откако таа се обидела да се отараси, но безуспешно, отишла до клавијатурата и земала спреј против комарци.
Патем, Дара не го прекинала пеењето, туку спрејот го испрскала околу себе, што ја насмеа публиката, па овој момент стана вирален и се прошири на социјалните мрежи како смешно видео.
@dragan.mihajlovic #viral #popular #darabubamara #backapalanka ♬ original sound – Hami
Фото: Инстаграм/darabubamara_official