Живот и стил

Оризова диета: Килограмите се топат, а вие никогаш не сте гладни

Оризова диета: Килограмите се топат, а вие никогаш не сте гладни

Сакате диета која не само што ќе ви ги намали килограмите туку и ќе ви го подобри и општото здравјето и ќе ви помогне доколку имате проблеми со дијабетесот, покачен крвен притисок и лошото варање на храната, и уште по некоја “ситница“? Е па тогаш оризовата диета е одлична за вас! Често ја нарекуваат и кемпнерова диета по нејзиниот автор Волтер Кемпнер, кој ја направил во далечната 1939 година. Земјаќи во предвид дека и после толку години сеуште и до ден денес е многу популарна – тоа значи дека навистина многу вреди. Како и кај другите здраствени диети и оваа не учи како да го подобриме животниот стил на долги стази, така што оваа диета не е диета само за неколку дена туку патоказ за цел живот. Ако сте спремни за таква авантура… одиме понатаму…

Основа

Иако се вика оризова диета, тоа не значи дека се јаде само ориз и ориз и ориз… всушност изборот на намирниците е далеку поголем отколку што можеме да претпоставиме! Оброците се поделени по категории (звучи познато, зарем не) – скробен, немасно млечен, потоа оброк од зеленчук, овошје и посно месо. Програмот исто така е фокусиран и на ограничување на внесот на сол и масти (посебно заситени-од животинско потекло) а се со цел детоксикација на организмот. Оваа диета не бара броење на калориите туку се заснова врз големината на оброците од одредени категории. Практично тоа значи дека се зголемува внесот на интегрални житарици, мешунки, зеленчук и овошје а останатите видови на намирници се намалуваат или целосно се избегнуваат. Секако и овде голема улога има изборот на намирници па пожелно е да се од органско потекло-без пестициди, вештачки ѓубрива и останати хемикалии кои придонесуваат за зголемување на приносот на храна кој подоцна во човечкиот организам го зголемува ризикот од разни болести.

 

И доколку сте одлучиле да и дадете шанса на оваа диета-спремете се: Во првата недела внесот е сведен на минимум и доаѓа до нагло губење на тежината!

 

Пример за видови на јадења:

 

Прв ден – основна диета со ориз

 

Доручек, ручек и вечера: 2 скробни јадења ,2 овошја.

 

Од вториот до седмиот ден – млечно-вегетаријанска диета со ориз

 

Доручек: 1 скробно јадење, 1 немасно млечно јадење, 1 овошје

 

Ручек и вечера: 3 скробни јадења, 3 зеленчуци, 1 овошје

 

Основни правила за големината на оброкот:

 

1 скробно јадење = 1 кришка леб, 1/3 шоља варен ориз или мешунки или 1/2 шоља варени тестенини

 

1 овошје = 1 овошје со средна големина, 1/2 банана или една шоља исецкано овошје.

 

1 зеленчук = 1 шоља свеж зеленчук или 1/2 варен зеленчук.

 

1 млечно јадење = 1 шоља млеко, 1 шоља јогурт или 1/2 шоља свежо сирење.

 

Напомена: За одредување на количината на намирниците се користи терминот шоља која изнесува 250 мл.

 

Внесувајте малку сол…

 

Солта во организмот ја врзува водата – тоа сите го знаеме. Во исхраната поголемиот број луѓе внесуваат од 4-7 грама дневно сол а за нормално телесно функционирање доволно е по пола грам сол дневно. Солта е проблематична за пациенти со висок крвен притисок и болести на бубрезите а тие болести им се закануваат и на луѓе кои внесуваат поголемо количество на сол. Солта го зголемува апетитот, додека зачините само го збогатуваат вкусот на храната. Ограничувањето на внесување на солта ги намалува здраствените ризици, вклучувајки го и холестеролот, крвниот притисок, срцевите заболувања и тежината, тоа ги смалува потребите од лечење на наведените проблеми.

 

…и малку маснотии!

 

Освен малку сол, диетата со ориз содржи малку маснотии – 5г или помалку, содржи околу 20г протеини и не повеќе од 150мг калциум.

 

Зошто да ја држите оваа диета

 

Доколку имате здраствени проблеми поврзани со срцето, бубрезите, црниот дроб – тие ќе бидат брзо или потполно решени или значително намалени. Доколку имате вишок килограми и веќе споменатите проблеми – ќе ги решите и едните и другите. Ако ја држите за да ги намалите килограмите – тогаш оваа диета е правилен избор кој ќе ви помогне потполно да го детоксифицирате организмот.

 

Зошто да не ја држите оваа диета

 

Затоа што бара многу. Бара од вас ангажирање за пронаоѓање на квалитетни намирници, па спремање, па мали оброци, интегрални житарици… ако имате проблем со овие нешта, таа ќе биде тешка за вас.

 

Заклучок

 

Ако успеавме барем малку да ве заинтересираме и потикнеме да ја пробате оваа диета – мило ни е. Одберете ја оваа диета и прочистете го телото, ревитализирајте го организмот и наполнете се со енергија. Исхраната е грижа за сопственото здравје, затоа одбирајте добри намирници и чувајте го вашето тело здраво што подолго.

Извор: Попара

To top