Во понеделник на 17 јуни во 19.30 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе биде отворена изложбата на фотографии на белградскиот фоторепортер Иван Иванов насловена какo “Хор од солисти”.
Иван Иванов ( 30-12- 1940 г. – Неготино) целиот работен век го минал како фоторепортер на неделниците “Дуга“ и “Практична жена“ за кои подготвил голем број насловни страници и фоторепортажи од општествено политичкиот живот и културните манифестации и фестивали во Југославија.
Но, Иван Иванов со својот фотоапарат во рацете снимал се што ќе му привлече внимание од секојдневието но со својот фотоапарат ги забележувал возбудливите ревии на Карден , Живанши, Александар Јоксимовиќ и светските артисти и режисери кои доаѓале на ФЕСТ и БИТЕФ.
На фото портретите на Иванов може да се забележи нешто искрено, топло и старинско, нешто што отскокнува од студенилото на дигиталните снимки.
Во 2012 година, Јован Ќирилов, филозов ,писател , театролог и директор на БИТЕФ, во Галеријата на Академијата на уметности на Србија во Белград , ја отворил неговата самостојната изложба *Некад и сад“ а промотор на изложбата во Скопје, на која ќе бидат презентирани фотографии од познатите артисти , ќе биде Валдимир Галевски.
Изложбата ќе трае до 30 јуни.