Радио Милева на 21 година

Таа е една од најубавите актерки на сите времиња, а вака изгледаше на почетокот на кариерата

Таа е една од најубавите актерки на сите времиња, а вака изгледаше на почетокот на кариерата

Холивудската дива Кетрин Зета Џонс е во шестата деценија од животот, а и денес важи за една од најубавите актерки.

Неодамна, во една прилика на социјалата мрежа Инстаграм објави фотографија на која имала само 21 година, а сите се согласија дека успеала да ја зачува својата природна убавина.

Кетрин, инаку, во повеќе наврати зборуваше за тоа колку сурова може да биде нејзината професија кон жените.

„Оваа работа е многу тешка, особено за жените. Не смееме да добиеме ниту една седа коса. Досега ништо не е променето. Можеме само да се преправаме дека ситуацијата во Холивуд денес е поинаква, но не е така“, изјави таа, посочувајќи дека социјалните мрежи создале нереална слика за совршенството.

„Социјалните мрежи отидоа чекор понатаму, бидејќи на нив сè изгледа подобро и поубаво отколку што навистина е“, рече актерката.

Да потсетиме, таа со години е во брак со Мајкл Даглас, кој е 25 години постар од неа, а заедно имаат две деца.

„Повеќе не сакам да се правдам. Повеќе нема да бидам скромна. Доста ми е од тоа. Навистина. Извинете што сум богата, што се омажив за ѕвезда и што не изгледам лошо. Сега ќе се фокусирам само на работата. Тоа е она што го сакам. Имам две прекрасни деца и здрав, среќен сопруг. Сè е во ред. И поради тоа нема да бидам скромна“, изјавила неодамна актерката.

foto: printscreen/instagram/catherinezetajones

To top