Радио Милева тажна љубовна приказна

Пејачката остана вдовица на 29 години, денес е тажен ден за неа: „За мене ништо не е готово“

Пејачката остана вдовица на 29 години, денес е тажен ден за неа: „За мене ништо не е готово“

На годишнината од бракот, српската пејачка Александра Тадиќ Ципка со емотивна порака и досега невидени фотографии им се обрати на своите следбеници на Инстаграм. Таа особено нагласи колку ѝ се важни заедничките спомени и колку ѝ недостига нејзиниот сопруг.

Пејачката Александра Тадиќ Ципка го загуби сопругот Небојша на 29-годишна возраст, а нивната љубовна приказна често беше во центарот на вниманието на јавноста, меѓу другото и поради големата разлика во годините. Иако по неговата смрт се соочи со тежок животен период, Ципка не крие колку ѝ недостига сопругот и колку ѝ значат заедничките спомени.

Ципка сега се огласи на својот Инстаграм профил по посебен повод – годишнината од нивниот брак. По тој повод објави фотографии од нивниот заеднички живот, од кои некои јавноста досега немала прилика да ги види, а со емотивната порака расплака многумина.

„Бидејќи за мене ништо не е готово, ќе се сретнеме горе повторно!“, напиша пејачката со стиховите од песната посветена на нејзиниот Небојша.

Ципка потоа откри дека токму 26 ноември за нив имал посебно значење, бидејќи на тој датум пред 15 години го започнале брачниот живот.

„А денес… Денес е нашата годишнина. 15 години љубов… Со некои од нашите најстари фотографии. Спомени, не соништа. Фала му на Бога за тоа! Засекогаш, најмногу на светот. Знам дека знаеш, знаеш дека знам… 26.11.2011. Вистинската љубов нема среќен крај, бидејќи вистинската љубов нема крај“, порача Александра.

Ципка во една прилика искрено зборуваше за потомството, како и за тестаментот и поделбата на имотот на сопругот со неговите деца од првиот брак.

„Не е вистина дека мојот сопруг пишувал тестамент! Тој не постои, бидејќи имавме сосема поинакви планови. Имавме оставинска расправа. Се откажав од сè во корист на неговите деца. Можеби не сум родила дете, но го имам“, објасни таа тогаш, па проговори и за потомството.

„Мораш себеси да си родиш дете. Што значи тоа? Не сакам да си раѓам дете себеси, нека ме осуди кој сака. Ниту можам, ниту сакам. Детето се раѓа од љубов. Ќе звучи грубо, но некогаш детето доаѓа како средство за задржување на мажот или мажот е средство за добивање дете, а нам средства не ни беа потребни. Се сакавме, не жалам што немам дете, се помирив со тоа. Далеку од тоа дека не сакав, но не може, така е како што е“, заклучи таа.

фото:Instagram printscreen/cipka_fan/aleksandracipka

To top