Позната по тоа што отворено зборува за деталите од својот приватен живот и важи за личност која нема влакна на јазикот, но водителката Јована Јеремиќ ретко ги експонира членовите на своето семејство во јавноста.
Сепак, нејзиниот роден брат, кого досега само еднаш го покажала пред камерите и на социјалните мрежи, а кој е дури 15 години постар од неа, имал клучна улога во некои од најтешките периоди од нејзиниот живот.

По разводот, Јована Јеремиќ се соочила со бројни предизвици, а токму постариот брат ѝ бил најголема поддршка и ѝ помагал во воспитувањето на ќерката Леа. За тој период Јована отворено зборувала, а на својот профил на Инстаграм објавила и емотивна порака:
„По разводот, најголема поддршка ми беа брат ми, снаата, Мики и Милица. Заедно ја воспитувавме Леа и тоа се моменти кои никогаш нема да ги заборавам. Памти, па врати“.
View this post on Instagram
Покрај поддршката во возрасниот период, Јована и нејзиниот брат делат и трауматично искуство од најраното детство, кога се нашле во непосредна животна опасност. Водителката своевремено се присетила на застрашувачкиот момент кога за време на игра останале заробени во херметички затворен простор.
„Да можеа, ќе ме фрлеа во септичка јама, но и од таму ќе најдев начин да се извлечам. Кога бев мала, заедно со брат ми се затворивме во витрина за пијалаци. Таму нема воздух. Почнав да се задушувам, имав пет години, тоа е вистина. И брат ми Аца почна да се задушува, исто така имаше пет години. Тој почна да ја губи свеста, а јас бев свесна дека ќе се задушиме и дека тоа е крајот“, раскажала Јована.

Како што истакнала, трагедијата во последен момент ја спречиле нејзината брза реакција и снаодливост.
„Тоа се огромни кафански витрини во кои се чуваат пијалаци, херметички се затвораат и не можеш да излезеш. Мене ми проработе мозокот, се сетив дека има мијалник кој е поврзан со цевка. Ја извлеков цевката и преку одводот двајцата дишевме половина час, сè додека не нè пронајдоа. Ако го преживеав тоа, ќе преживеам сè друго. Тоа е инстинкт за преживување. Човек секогаш треба да се бори и не смее да дозволи ништо да му го замати умот“, раскажа еднаш водителката.
foto: printscreen/instagram/jeremicjovana




