Радио Милева Жали што не го знаела ова порано

По четирите неуспешни брака, Џенифер Лопез откри во што е тајната на вистинската љубов: „Престанете да ја барате!“ (видео)

По четирите неуспешни брака, Џенифер Лопез откри во што е тајната на вистинската љубов: „Престанете да ја барате!“ (видео)

Познатата пејачка, која зад себе има четири брака и бројни љубовни врски, денес има сосема поинаков поглед на љубовта.

Љубовниот живот на Џенифер Лопез со години е во центарот на вниманието на јавноста, а се чини дека славната пејачка низ бројните врски и бракови научила важни животни лекции. Денес, со големо искуство зад себе, таа има совет за сите оние кои ја бараат вистинската љубов.

– Престанете да ја барате!

На премиерата на својот концертен филм The JLO Show: Live in Las Vegas, одржана во Лос Анџелес, Џенифер разговараше со новинарка на магазинот HOLA! USA и споделила совет за кој посакува да го добиела многу порано.

„Знајте колку вредите. И немојте да ја барате. Не одете на состаноци само затоа што сакате да пронајдете некого. Љубовта ќе се појави. Бидете тоа што сте, уживајте во животот и правете го она што ве прави среќни. Вистинската личност ќе дојде и ќе може да ја следи вашата енергија“, порачала Лопез.

Пејачката објасни дека за пронаоѓање на љубовта најважно е најпрво да станеме личност каква што сакаме да бидеме, наместо да очекуваме некој друг да нè надополни.

„Бидете личност каква што сакате да бидете. Бидете тип на личност со која и самите би сакале да бидете во врска. Тогаш ќе се случи вистинската работа“, рекла таа.

Не трчајте по љубовта, туку уживајте во животот

Џенифер истакнала дека луѓето често поминуваат премногу време барајќи љубов, заборавајќи дека и нивниот сопствен живот веќе е вреден за внимание и уживање.

Интересно е што Лопез признава дека ни самата не размислувала отсекогаш на тој начин.

„И мене ми требаше многу време за да го научам тоа. Не го кажувам ова како некој што отсекогаш разбирал сè. Долго време ни самата не го сфаќав тоа. Затоа ми е важно да го споделам ова искуство секогаш кога ќе имам можност“, искрено признала пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOLA! USA (@holausa)

По четири брака, среќата ја пронашла во себе

Овој совет е особено интересен ако се земе предвид нејзиниот љубовен живот, кој со децении предизвикува огромен интерес кај јавноста.

Џенифер Лопез зад себе има четири брака. Била во брак со Охани Ноа, Крис Џад, Марк Ентони и, последен пат, со Бен Афлек. Со Марк Ентони ги доби близнаците Макс и Еме, кои денес имаат 18 години. Пред врската со Афлек, била свршена и со Алекс Родригез, со кого се разделила во 2021 година.

Нејзината љубовна приказна со Бен Афлек особено го привлекуваше вниманието. Поранешниот пар ја обнови романсата речиси две децении откако првпат ја раскина свршувачката. Нивната љубов доби нова шанса во 2021 година, а се венчаа во 2022 година. Сепак, бракот не потраја – Џенифер во август 2024 година поднесе барање за развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Дека очигледно ѝ годи периодот без партнер, покажа и во разговорот со Хода Котб во поткастот Making Space.

„Најсреќна сум во последните неколку години, откако сум сама“, откри Лопез.

Таа додаде дека научила да ја пронаоѓа среќата во малите нешта и дека повеќе не очекува друга личност да ѝ го даде она што самата може да го изгради во својот живот.

„Она што го сфаќате е дека она што го барате кај друга личност, всушност е нешто што зависи само од вас“, порача таа.

Се чини дека Џенифер Лопез денес ја прифатила едноставната животна филозофија: не чекајте некој да се појави и да ви го направи животот поубав. Уживајте во она што го имате, работете на себе и не прифаќајте помалку од она што го заслужувате.

А можеби токму тоа е и најважната лекција што можат да нè научат љубовните искуства – вистинската љубов не треба да биде потрага во која ќе се изгубиме себеси.

foto: printscreen/instagram/jlo

To top