Минатиов викенд во Тбилиси, Грузија се одржа изборот за Мис и Мистер Планет 2026.

Во конкуренција на Мис, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска која направи голем успех освојувајќи ја титулата Трета придружничка.

Во конкуренција на Мистер, нашата држава ја претставуваше Јасмин Мустафоски од Охрид. И тој имаше одличен настап, освојувајќи две титули, Четврти придружник и Најдобар Фото Модел.

Кај девојките победничка е претставничката на Романија, а кај машките Мистерот на Индија.

Нашите Катарина и Јасмин се членови на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор на убавина за мажи и жени.

Фото: Приватна архива-Црнокрак





