лександра Пријовиќ со години е во хармоничен однос со Лепа Брена и тоа неретко јавно го истакнуваше.
Сепак, на јавноста таа приказна отсекогаш ѝ била интересна, особено поради некои поранешни изјави на Александра кои можеа да се протолкуваат на различни начини. Многумина од нив извлекуваа интересни заклучоци.
Своевремено младата пејачка рече дека таа и Брена се согласуваат подобро од кога било.
– Со неа имам однос како со мајка. Во почетокот беше поинаку, но поради мене. Искрено, ми беше срам. Брена и Боба Живојиновиќ ги познавам со години, пеев на нивните приватни прослави и сега јас сум тука одеднаш, во врска со нивниот син. И потоа кога дојдов првпат во куќата како снаа, сакав земјата да ме проголта. Се чувствував како да сум направила нешто лошо. Филип ми вели да одиме кај него, а јас го преколнувам да не ме води таму… Сосема нормално чувство какво што веројатно многумина почувствувале пред родителите на своите партнери – беше искрена Прија.
фото:Instagram printscreen/lepabrenaa and aleksandraprijovic






