Со над 16 музички ѕвезди и околу 40 врвни музичари на сцената во спортскиот ценатр „Јане Сандански“, декември ќе биде започат, а годината завршена со најново издание на музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ кој за скопската и македонската публика ќе приреди повеќечасовно уживање со македонски рефрени.
Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе биде местото каде што ќе се пејат македонските рефрени како од народната, овој пат така и од забавната евергрин ризница во изведба на: Бојана Скендеровски, Ана и Игор Дурловски, Миле Кузмановски, Спасен Силјановски, Зуица Лазова, Росана Сариќ Тодоровска, Александар Тарабунов, Наум Петрески, Верица Ристеска, Андријана Јаневска, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски, Ѓоко Таневски, Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Почетокот на концертот е закажан за 20:00 часот.

Организатор на концертот е продукцијата „Скендеровски“ позади која стојат Васко и Бојана Скендеровски, кои во континуитет ја протежираат македонската музика. Од продукцијата објавуваат дека влезници за концертот може да се набават преку онлјан продажната мрежа на wayin.mk, а истите се однесуваат за интерактивна мапа и партер. Цената на влезниците изнесува 500 денари и 800 денари.
На 12 декември Ваше е да дојдете и да уживате во изведбата на музичката „ол старс“ екипа која таа декемвриска саботна вечер ќе ве води низ македонската музичка лепеза наречена „Македонијо во срце те носиме”.
View this post on Instagram







