Јубилејното десетто издание на скопскиот вински салон „Винодонија“ се одрж увана 13 и 14 ноември во хотелот „Мериот“ во Скопје, со над 450 вински етикети од 50 македонски и странски винарии. Салонот е отворен за посетителите од 16 до 22 часот.

На 14 ноември од 14 часот ќе се одржи мастеркласот „Грузија – винска земја со 8.000 берби“ со сомелиерот Рамази Инаишвили и енологот Кристина Анѓелкова, на кој ќе се дегустираат шест грузиски вина. Потоа следува „Винска авантура низ Шпанија“ со сомелиерот Александар Миливојевиќ, кој ќе претстави седум вина од седум шпански винарии.

Во музичкиот дел од програмата настапува „Хот џез оркестра“ со Иво Солдатовиќ, Бојан Петков Шамба, Филип Динев и Пенче Кралев.
Влезниците можат да се набават на vinodonia.mk





