Радио Милева се сруши

Пејачот на „Прљаво казалиште” колабира на сцена за време на концерт (видео)

Пејачот на „Прљаво казалиште” колабира на сцена за време на концерт (видео)

Членовите на групата „Прљаво казалиште”“ одржаа концерт во еден град во Германија, при што главниот пејач, Младен Бодалец, доживеа несреќа.

За време на изведбата на песната „Корак по корак“, Младен потрча кон публиката во „МПХ Арена“, скокна и падна.

Оваа сцена веднаш се појави на интернет, а неговата реакција ги насмеа многу луѓе. Откако тој падна, неговите колеги од бендот побрзаа да му помогнат, а бидејќи тој беше добро, легнаа врз него.

Пејачот многу брзо продолжи со настапот, стана и продолжи да се движи по сцената и да комуницира со публиката.

„Легендо, издржи“, „Ова може да го направи само вистински професионалец“, „Браво, најдобри сте!“, пишуваа луѓето во коментарите.

Да потсетиме, Јасенко Хоура и Младен Бодалец од 2022 година повеќе не настапуваат под името „Прљаво казалиште“ поради судска забрана. Оттогаш нивниот бенд се вика „Хоура Група“.

Проблемот настанал поради несогласувањата околу тоа што тие реализирале самостојни проекти без дозвола од еден од основачите, Тихомир Филеш, по што целиот случај завршил на суд.

Трговскиот суд во Загреб донел привремена одлука со која на Хоура и Бодалец им се забранува да настапуваат под името „Прљаво казалиште“.

foto: printscreen/instagram

To top