Младата и атрактивна македонска пејачка Марија Данева очигледно има уште многу да понуди на македонскиот музички естраден простор. Откако ја претстави својата нова песна „Не знам јас да губам“ на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2026“, сега таа ја почести публиката и со официјален видеозапис, кој веќе почна да го привлекува вниманието на љубителите на домашната музика.

А дека песната полека си го пробива патот до публиката, потврдуваат и првите бројки. Видеото, објавено на официјалниот YouTube-канал на пејачката, за кратко време веќе има речиси 40.000 прегледи, што е убав ветер во грб за ова ново музичко остварување.

Зад музиката и аранжманот стои Владимир Дојчиновски, кој се погрижи и за миксот и мастерингот, додека стиховите ги напиша Огнен Неделковски.

За визуелната приказна е задолжен Vacev Studio, со креативна насока и продукција на Вацев. Сценариото, камерата и режијата ги потпишува Ѓорѓи Вацев.

Песната „Не знам јас да губам“ веќе може да се слушне и на Spotify, Apple Music, Deezer и останатите дигитални музички платформи.

По фестивалскиот настап, Марија продолжува да ја гради својата музичка приказна, а со новиот видеозапис се обидува да остави уште посилен впечаток. А ако се суди според првичниот интерес на YouTube, оваа „Макфест“ приказна допрва ќе се слуша!

Како звучи и изгледа Марија во истата, проследете во продолжение…





