Михајло Веруовиќ Војаж неодамна стана татко, а сега ја побара за жена мајката на своето дете.
Имено, Михајло Веруовиќ Војаж на Инстаграм објави фотографија од вереничкиот прстен со кој ја побара за жена својата партнерка – мајката на неговото дете. На раката на неговата свршеница блескаше прстен со дијамант, а тој ѝ подари и црвени рози како симбол на искрена и чиста љубов.
За потсетување, откако стана татко, Војаж го изјави следново:
„Ви благодарам, точно е – фала за честитките – но би сакал да побарам малку приватност“, рече Војаж.
Војаж и неговата мистериозна партнерка со темна коса неодамна добија дете, при што оваа прекрасна вест ја чуваа во тајност од сите.
„Целта ми е да бидам млад татко.“

Сепак, можеби имало одредени навестувања, со оглед на тоа што Војаж неодамна ја откри својата најголема животна цел додека одговараше на прашања од своите следбеници.
„Да бидам млад татко и да имам најдобар однос со своите деца на целиот свет. Функционално семејство“, истакна тој.
За потсетување, Михајло Веруовиќ беше во врска со Анџела Игњатовиќ Бресквица, а по нивната разделба, во неговиот живот влезе Тамара Кујачиќ.
foto:printscreen/instagram/voyage.mp3





