Радио Милева ЕРГЕНИ, НЕМА ДА ВИ БИДЕ ЛЕСНО

Сања Савеска неодамна потврди дека е слободна дама, но сега веќе ги разочара своите додворувачи (видео)

Сања Савеска неодамна потврди дека е слободна дама, но сега веќе ги разочара своите додворувачи (видео)

Шармантната македонска тв-водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска, уште еднаш покажа дека дефинитивно поседува извонредна смисла за хумор и дека најдобро знае како да се пошегува на сметка на сопствениот љубовен живот.

Откако неодамна преку социјалните мрежи и официјално ја потврди веста дека по крајот на нејзината долгогодишна и сериозна љубовна врска сега ужива во сингл статусот, убавата водителка реши да им приреди ново, уште подуховито продолжение на своите верни фанови.

Сања Савеска дефинитивно стави точка на минатото: По крајот на сериозната љубовна врска, сега вистинскиот ќе го бара тука…

Овој пат, Сања отиде чекор понатаму и преку смешно видео на своите Инстаграм приказни сликовито и пластично на јавноста ѝ го долови нејзиниот моментален пристап кога станува збор за машко-женските односи и додворувањето.

На споделениот видеозапис се гледа една женичка која мирно чекори по тесна уличка, но во моментот кога од зад грб ѝ приоѓа некој непознат со намера да воспостави контакт, таа панично почнува да трча и буквално бега со полна брзина без воопшто да погледне назад.

 

Со оваа урнебесна илустрација, Сања на метафоричен начин јасно стави до знаење како таа лично реагира во моментов кога некој нов потенцијален партнер се обидува да ѝ се додворува или да ѝ пријде.

Иако нејзиниот претходен статус во кој ја спомена Финска како дестинација за сингл луѓе ги разбуди ергените, Сања со ова ново видео уште еднаш докажа дека приватно ужива во својата слобода, мир и независност кои вешто ги чува далеку од камерите.

Ама на додворувачите, баш им го „скрши филмот“!

фото: Instagram printscreen/sanja_saveska

To top