Музичарот Горан Бреговиќ призна дека бил заљубен во Лепа Лукиќ, а интересно е што пејачката воопшто не знаела за неговите чувства.
Како што објасни тој, таа не го освоила како жена, туку со својот хумор, шарм и начинот на кој ги забавувала луѓето.
Бреговиќ во едно интервју раскажа дека за време на турнеите со групата „Бијело дугме“ за првпат имал прилика поблиску да се запознае со светот на естрадата, кој за него и неговите колеги дотогаш бил целосно непознат.
– Бев заљубен во Лепа Лукиќ. Не мислам заљубен во неа како жена, бев заљубен во нејзиниот хумор и мајтапење. „Бијело дугме“ живееше изолирано, никогаш не се мешавме со естрадата. Е, тогаш одеднаш се појави желба да се работи повеќе, бидејќи малку работевме, свиревме еднаш во три години и ајде, одеднаш се појави таа турнеја на „ТВ ревија“ и одеднаш се најдовме опкружени со естрадата. Тоа за нас беше невидено чудо – се присети музичарот во една прилика.
– Тој свет кој имаше некој хумор што ние не го знаеме, свет кој живее на начин и се радува на нешта кои вие првпат ги гледате. Ја гледав Лепа Лукиќ како чудо. Да, бев заљубен на некој начин, не сега во смисла дека би „скокал“ на Лепа Лукиќ, веројатно бидејќи за првпат се среќавав со светот на шоу-бизнисот, па бев импресиониран од неа. Таа зборуваше такви неверојатни безобразлуци, поради кои мајка ти би ти удрила шамар ако тргнеш така нешто да повториш, но тоа истовремено беше толку духовито и со таков шарм, кој веројатно само југот на Србија го има на таков начин. И тоа ми беше големо откритие, на сите нас, не само мене – изјави Брега во интервјуто за „Недељник“.
Интересно е што Лепа Лукиќ не знаела дека Бреговиќ зборувал за неа на тој начин, па информацијата ја изненадила кога ѝ ја пренеле новинарите.
– Првпат слушам за тоа. Брега никогаш не ми го кажал тоа. Дали навистина тој го изјавил тоа? Зошто би го рекол тоа? Ги имавме ние тие турнеи пред многу години, одевме со автобус по 30 пејачи. Беше и „Бијело дугме“, се сеќавам. Убаво е тоа што бил заљубен во мене, Брега сепак е Брега, не е било кој. Ми импонира тоа, но сега е доцна, имам доста години (смеење). Тогаш немав ништо со него. Одамна беше тоа, тогаш сите бевме млади – порача Лукиќ, а пренесува „Мондо“.
Лепа во тоа време важеше за една од најпопуларните пејачки на народна музика. За нејзината популарност сведочи и податокот дека таа прва на естрадата имала свој клуб на обожаватели, кој се викал „Леписти“, а репортажа за неа и нејзината слава своевремено направи дури и француската телевизија. Од друга страна, бендот „Бијело дугме“ во текот на осумдесетите години беше еден од најпопуларните музички состави меѓу младите.
фото: Instagram printscreen/goran_bregovic_official






