Македонската естрадна двојка Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски веќе со години се главен синоним за највеселите македонски свадбени веселби во далечната Австралија.
Нашинците во дијаспората едноставно не можат да замислат голем семеен славенички ден без енергијата на Тања, која уште еднаш покажа дека за неа нема препреки кога треба да се донесе вистински мерак и шмек на сцената – па дури и кога временските прилики целосно ќе се свртат против плановите.
Неодамнешното видео објавено на социјалната мрежа Инстаграм буквално ги воодушеви фановите и ја покажа професионалноста на пејачката на дело.
На снимката се гледа како Татјана, која на оваа свадба најверојатно пее за „по невеста“, стои надвор во црвен тесен фустан под дожд, додека во едната рака го држи микрофонот, а во другата чадорот.
Сепак, тоа не ја спречи да ја поведе веселата свадбена поворка со песна и секако насмевка.
Вистинската магија се случила малку подоцна во затворениот простор кога додека надвор силно врнело, Тања го запеа безвременскиот фолк хит „Запри дожду“.
Но, наместо да кука за лошото време, искусната фолкерка ги сврте работите во корист на среќата на младенците. Таа со насмевка им се обрати на присутните, потсетувајќи на старите народни верувања дека кога на свадба врне дожд, тоа носи огромен бериќет, плодност и успех за заедничката иднина на новиот брачен пар.
Со овој потег, Татјана уште еднаш докажаа зошто нивниот календар со свадбени ангажмани е постојано преполн – тие не носат само музика, туку незаборавна позитивна енергија која го топи мразот и носи сонце дури и во најврнежливите австралиски денови.
фото:instagram printscreen/ tatjanalazarevska_official/Gemini (AI)





