Радио Милева Се разгореа гласини

Џенифер Лопез и Кит Урбан во врска: Новата холивудска романса ги остави сите без зборови

Џенифер Лопез и Кит Урбан во врска: Новата холивудска романса ги остави сите без зборови

Изгледа дека Холивуд се подготвува за уште една позната романса, а овојпат во неа се вклучени личности за кои многумина никогаш не би помислиле дека би можеле да бидат пар. Според извори блиски до јавната сцена, Џенифер Лопез се зближила со Кит Урбан, поранешниот сопруг на Никол Кидман.

„Фактот што Џенифер и Кит си ги довериле личните проблеми е значаен, бидејќи и двајцата се многу приватни личности и внимателни кога станува збор за комуникацијата со другите. Изгледа дека се чувствуваат пријатно кога ги споделуваат личните проблеми, па дури и сопствените несигурности“, вели извор близок до нив.

Друг извор наведува дека Џенифер, откако дознала низ што минува Кит по разделбата со Кидман, „почувствувала искрена желба да му се јави на човечки начин – без големи зборови, само за да му покаже дека некој разбира колку е тешко сето тоа“.

Бидејќи и двајцата се соочуваат со последиците од своите разводи, имаат многу заеднички работи.

Вреди да се напомене дека Кит и Џенифер се запознале пред 12 години. Лопез и Урбан во 2014 година заедно беа членови на жирито во шоуто „American Idol“.

„Лопез и Урбан отсекогаш изгледаа како да си одговараат еден на друг. Кога снимаа „American Idol“, сите зборуваа за тоа колку совршено си одговараат и колку се привлекуваат. Тоа им беше познато на сите и беше очигледно за секого на снимањето“, рекол извор.

Сепак, тие „никогаш не презеле ништо во врска со тоа бидејќи биле во врски“. Урбан беше во брак со Никол Кидман, додека Лопез по разводот од Марк Ентони беше во врска со танчерот Каспер Смарт.

Еден извор дури тврди дека токму таа хемија била единственото нешто што ја „иритирало“ Никол Кидман.

„Таа била единствената на која ѝ пречело тоа, бидејќи хемијата меѓу нив била неверојатно силна“, наведува изворот.

Сега кога и двајцата се слободни, гласините за можна романса повторно се разгореа. Сепак, некои заеднички пријатели инсистираат дека сè уште е рано да се зборува за врска.

„Кит и Џенифер всушност имаат многу заеднички работи. Одлично се согласуваа додека работеа заедно и навистина изградија прекрасно пријателство. Во моментов дефинитивно сè уште се само пријатели, но не е тајна дека Кит ја смета Џен за исклучително привлечна. Проблемот е што изгледа нема храброст да го направи првиот чекор. Секојпат кога пријателите ќе му кажат да ја покани на состанок, тој наоѓа некаков изговор“, тврди изворот.

Луѓето блиски до Џенифер Лопез сметаат дека Кит е совршен партнер за неа. Џенифер најчесто избирала доминантни мажи, но ниту една од тие врски не успеала.

Урбан, од друга страна, е многу поопуштен. Тој наводно нема проблем жената со која е во врска да биде во центарот на вниманието, без притоа да се чувствува загрозен.

„Џеј Ло сака да биде во врска и изгледа дека првиот маж кој е подготвен да вложи труд има добри шанси да успее. Кит ги исполнува условите. Само треба да се увери дека е способен за тоа“, рекол извор за „Radar Online“.

Уште една голема предност за Урбан е тоа што и двајцата се страствени љубители на музиката, нешто што ѝ недостигало за време на врската со Бен Афлек.

Самиот Урбан целосно се опорави од разводот. По разделбата со Никол, Кит се надеваше дека актерката ќе го моли да се врати дома. Но, дури откако ги видел фотографиите на Кидман во Италија со нејзиното ново момче, Мајкл Рајнштајн, конечно прифатил дека нема враќање назад.

foto: printscreen/instagram/keithurban/jlo

To top