Пејачот на народна музика Халид Бешлиќ почина пред една година на 71-годишна возраст, на одделението за онкологија, поради проблеми со црниот дроб. Зад себе остави безвременски хитови со кои се прослави ширум поранешна Југославија. Иако оствари врвна музичка кариера, малкумина знаат дека пеењето воопшто не било неговиот првичен план.
Пред да стапне на музичката сцена, Халид Бешлиќ по професија бил столар, а по завршувањето на средното училиште планирал да се запише на градежен факултет. Сепак, неговата музичка кариера започнала сосема случајно.

Тој во една прилика истакнал дека неговата музичка кариера започнала непланирано.
– Кафеаните беа клучни за мојот успех. Во тоа време не можеше секој да пее во нив. Заработував четири пати повеќе од татко ми, кој беше раководител во една фабрика. Се пееше секој ден од шест до 11 часот, не се чекаше викенд како сега – рекол еднаш Халид и открил како влегол во светот на музиката.
– Сето тоа започна случајно. Тргнав на село, кон дома, и застанав во Соколац. Додека го чекавме работничкиот автобус да нè однесе дома, влегов во кафеана каде што имаше музика. Бев таму со друштвото и ме замолија да отпеам нешто. Станав, запеав, а газдата се воодушеви. Потоа ми рече: „Кога би пеел овде, секогаш би било полно“. Веднаш ме праша чиј сум, му кажав кој ми е татко, а тој ме праша дали би ми дозволил да пеам и дали би се налутил ако завршам во кафеана…
Четири години пеев во четири кафеани. Бев популарен како кафеански пејач во Сараево, исто како што сега сум популарен како пејач на територијата на поранешна Југославија. Кога го снимив првиот сингл, тој „пламна“ во Сараево, но не и во околината. Така е, од нешто мораше да се почне – раскажувал тогаш Бешлиќ.

Менаџерот на Халид Бешлиќ во една прилика зборуваше и за неговата здравствена состојба.
– Халид моментално е префрлен на клиника за онколошки пациенти, прима терапија и му оди на подобро. Со ова само сакам да ги демантирам сите гласини што кружат последните денови, односно дека на Халид му откажале органите и дека е лошо. Ништо од тоа не е точно. Состојбата е стабилна. Тој е горе, во болница, колку што знаат лекарите, толку знам и јас. Неодамна бев кај него, а повторно ќе одам. Се случи тоа со црниот дроб… Црниот дроб не функционира баш најдобро, па сега работат на тоа да се исчисти – рекол тогаш менаџерот.
foto: printscreen/instgaram/beslichalid.official





