Пејачката Наташа Беквалац ја раскина емотивната врска со извесен С.Р… пишуваат српските медиуми.
„Новосадската барбика“, пред овој крах на љубовта да доспее во јавноста, објави порака на Инстаграм која, можеби, го покажа крајот.
Наташа пред две недели го прослави својот роденден, а во хороскоп е Вага, па бидејќи сака да ја следи астрологијата, со јавноста ги сподели прогнозите за нејзиниот знак.
Пејачката сподели дека нејзиниот хороскопски знак го чекаат големи промени и максимална посветеност на семејството, а за љубов нема ни збор.

„Гледам како посебно се активира симболот на покривот на домот. Каде се ограничуваш? Каде играш по правила кои повеќе не постојат? Овој месец е моќен период да избереш поинаку, да се поврзеш со семејството на поздрав и посилен начин и јасно да ги видиш скриените нешта“, стоеше во објавата која ја сподели Наташа.
Сепак, иако не се споменува љубовта, интересен е делот каде се наведува дека ќе се ослободи од ситуациите кои ја притискале, што може да биде поврзано со раскинот за кој денес наголемо се зборува во медиумите.

„Ова може да укажува на кармички пат на исцелување низ семејната линија и прекин на старите обрасци“.
Инаку, Наташа деновиве е посветена на работата, подготовката на нови песни и на големата концертна турнеја.
фото:instagram printscreen/bekvalceva




